Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија за прашањето со Бугарија, кои ќе бидат дел од изборната програма

– ВМРО-ДПМНЕ има прецизни решенија за прашањето со Бугарија и тие ќе бидат дел од изборната програма, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на партијата, Наум Стоиловски, одговарајќи на новинарско прашање за пораките кои во Скопје ги испрати американскиот помошник-државен секратар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, кој посочи дека на претстојните избори има две опции, едната е патот кон ЕУ, а другата не е заинтересирана за Унијата.

-ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма, каде до граѓаните ќе понуди решенија и за сите други прашања за коишто граѓаните повеќе се заинтересирани, како што се решенија за економски раст, справување со инфлацијата, решенија за силна економија, решенија за поквалитетно образование, за безбедно и достапно здравство, za борба со криминалот и корупцијата, решенија за справување со мафијата.. Затоа што никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, истакна Стоилковски. 

Епидемијата со Ковид-19 или коронавирусот во Македонија се шири, а за тоа најголема вина има неспособноста и неодговорноста на министерот за здравство Венко Филипче.

О ‘Брајан вчера од лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан, но и во интервјуто за МИА порача дека граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго.

-Затоа е особено важно сите да земат учество и јасно да ги искажат своите ставови. Како што кажав во текот на мојата претходна посета во ноември, важно е да се прашаат кандидатите каков им е планот за во иднина. Има еден пат што е означен, тој е контроверзен, и секој граѓанин треба да донесе сопствена одлука. И постои пат што не е опишан и реално е прашањето дали воопшто постои или само претставува погоден начин за да се избегне да се каже дека всушност нема пат, рече О’Брајан.