Стоилковски: “Наместо да ги казнат, ДУИ и СДС ќе ги наградат дивоградбите“

Артан Груби и неговата резерва Димитар Ковачевски потпишаа штетен договор врз основа на непостоечки закони и го кријат затоа што се обврзале дека ќе плаќаат пенали доколку не направат законски измени со коишто беззаконието ќе се изедначи со законското.


Согласно законските измени заради договорот на Груби и резервата Ковачевски, нелегалните објекти на трасата за определени автопати за државата ќе вредат еднакво колку и оние градени согласно закон и дозвола.

Дивоградбите на трасата на автопатите согласно договорот на Груби државата би требало да ги обештети со иста пазарна вредност како и легалните градби. Тоа значи дека оние што ваделе документи, плаќале определени лиценцирани фирми за проекти, за надзор, за изведување, плаќале тарифи на лиценцирани геодетски фирми, оние што плаќале документи, изводи, барања, оние што почитувале закон за градење, плаќале комуналии и ваделе дозволи за градба- сега се изедначуваат со оние коишто градат на диво! Со евентуално донесување на закон за изедначување на беззаконието со законското  ќе предизвика правен преседан со последици како брутално непочитување и на законот за легализација и на законот за градба. Најпросто кажано, зошто ваков закон за изедначување на дивоградбите со легалните градби би важел во еден случај, а не постојано? И зошто понатаму би се почитувале ГУП, ДУП, урбанистичка планска документација, би се почитувале археолошки локалитети, национални шуми, би се почитувале трансформација на земјиште од земјоделско во градежно, би се почитувале се она што државата со закон го пропишала!


Наместо да ги казнат, ДУИ и СДС ќе ги наградат дивоградбите!


Почитувани, Груби посочи дека речиси половина од трасата 45% е приватно земјиште, а 55 државно, и се што ќе се најде на патната траса ќе биде обештетено по иста пазарна вредност. Тоа значи дека дури и оние коишто сега би почнале бесправно да градат, за три месеци може да имаат објект којшто ќе им биде вреднуван по пазарна цена како најлегален објект!


Наспроти предвидените финансиски казни за градење на диво, Груби и резервата Ковачевски ќе ги наградат од буџетот градителите на диво, по пазарна цена!

Донесување на ваков закон значи преседан со којшто се изедначува правото и неправото и со којшто брутално ќе продолжи да се гази врз законите, правото и правдата!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.