“11 минути бев мртва, видов се – и рајот и пеколот!“ – Шокантна исповед на жена која тврди дека се ‘вратила од мртвите’: “Дознав се за смртта, но едно нешто не очекував!“ (видео)

Жена по име Шарлот Холмс била клинички мртва цели 11 минути и детално го опишала своето искуство од животот после смртта и се што видела.

Многу луѓе кои доживеале клиничка смрт имале различни искуства и сосема поинаку ја опишале оваа состојба. Некои од нив ќе виделе дел од нивните најблиски, некои слушнале како саканите им се обратиле и ги поканиле да се вратат во живот додека некои не виделе ништо, а искуството на Шарлот Холмс е сосема неверојатно. 

Оваа жена доживеала мозочен удар, а по три дена и се исклучил целиот „систем“. Нејзиното срце престанало да чука и таа практично починала. Докторите се обидувале да ја оживеат 11 минути, а тоа време, односно клиничката смрт, таа го опишала вака: 

Бев над моето тело. Можев да ги видам како ми го масираат срцето, обидувајќи се да ме оживеат. Ги видов сите – мојот сопруг и медицинските сестри кои беа околу мене. И тогаш слушнав одреденеа музика. Кога ги отворив очите, знаев каде сум. Знаев дека сум во рајот“, вели таа во видеото објавено на јутјуб каналот The 700 Club.

Според неа, „местото“ во кое се нашла било убаво, а слушнала и ангели како пеат прекрасни песни. Како и многу други кои имале слично искуство, Шарлот видела луѓе кои умреле многу години пред тоа односно нејзините родители. Со нив била и роднина на која му била ампутирана ногата, а во оваа нејзина „визија“ тој стоел на златната врата, со две здрави нозе. Имало и едно момче кое не можела да го препознае. И тогаш Бог ѝ се обратил и рекол дека тоа е бебето што таа и нејзиниот сопруг го изгубиле пред 40 години.

Ја погледнав убавината околу мене. Можев да ги видам дрвјата, можев да ја видам тревата. И сè се нишаше на музиката, бидејќи сè на небото му се поклонува на Бога. Не можам да ви кажам како изгледаше рајот, бидејќи е многу подалеку од тоа што можевме да замислиме, милион пати поубаво. Тука е и најубавиот, прекрасен мирис, нешто што никогаш порано не сум го помирисала“, го опишала своето искуство Шарлот и продолжила:

Има толку многу што не може да се опише со зборови. Небото што го замислував не беше баш така – беше многу поубаво“.