Боки 13 мора итно да се оперира: Неговата мајка веднаш проговори

Повторно опериран Бојан Јовановски-Боки 13.

Потврда за ова медиумите добија од неговата мајка Јасминка Јовановска која посочува дека операцијата носи свои ризици.

„Да, тој е примен на клиниката и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липом, последица на претходни операции и се прави на Државната клиника“, вели Јовановска.

Боки 13

Ова е петта операција на Боки 13, а опоравувањето ќе продолжи.

„Секоја операција носи свој ризик со оглед на тоа што Бојан досега бил опериран пет пати. За жал нема подобрување на неговата здравствена состојба, по оваа операција ќе мора соодветно да се лекува. Закрепнувањето ќе продолжи, имајќи предвид дека тоа го диктираат препораките на лекарот“, додава Јовановска.