Левица: “Огромниот број предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува“

Огромиот број на предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Криминогеното владеачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања на партиски послушници во институции од секаков тип: Министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори. 

Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од Албанска припадност.

Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа.

Ја потсетуваме јавноста дека Левица се залага за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице согласно неговите квалификации туку по етнички клуч што воедно претставува и навреда за вработените кои се вработени на овој начин – не според заслугите туку според етничноста.

СООПШТЕНИЕ – Политична партија Левица

„Во Центар“ (www.vocentar.com) овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки