Соборен суперавионот на Путин? Украинците тврдат дека собориле авион вреден 330 милиони долари

Украинците тврдат дека го собориле рускиот воен радарски авион Бериев А-50У/М над Азовското Море, вреден 330 милиони долари.

Локацијата на несреќата, на околу 322 километри од линијата на фронтот во јужна Украина, може да укаже дека радарскиот авион со четири мотори со 15 членови на екипажот или претрпел механички дефект или бил погоден додека летал блиску до линијата на фронтот и се обидувал да се врати во својата база во Краснодар пред експлозијата.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, наводно, се гледаат остатоците зафатени во пламен во рускиот Краснодарски крај, источно од Азовското Море.