– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска.
-Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, еден ден пред дводневниот самит на НАТО.
Тој додаде дека вечерва ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер за да се обиде уште еднаш да најде решение.
-Напорно работиме Шведска да стане членка што е можно поскоро, додаде Столтенберг.