Столтенберг во Киев: Поддршка за Украина до крајот на војната

НАТО ќе ја поддржува Украина до крајот на војната со Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг при денешната изненадна посета на Киев.

„НАТО е со вас денес, утре и до крај”, рече Столтенберг

Тој за време на првата посета откако Русија започна напад врз земјата на 24 февруари 2022 година се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Столтенберг истакна дека од февруари 2022 година, сојузниците на НАТО ѝ обезбедиле на Украина 150 милијарди евра, вклучително и 65 милијарди евра воена помош, дека со текот на годините обучиле десетици илјади украински војници, испорачале воени авиони, тенкови, оклопни возила и направиле разлика на бојното поле.

„Заслуженото место на Украина е евроатлантското семејство. Заслуженото место на Украина е НАТО. Со текот на времето, нашата поддршка ќе го овозможи тоа,” изјави Столтенберг, пренесе ТРТ Балкан.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека очекува сојузниците на НАТО на самитот во Вилнус, со учество на претседателот Зеленски да се договорат за зајакнување на пакетот за поддршка на НАТО за Украина и обезбедување поголема поддршка.

Столтенберг исто така го посети и градот Буча, кој потпадна под руска контрола непосредно по почетокот на рускиот напад, надвор од главниот град Киев, а подоцна беше повторно преземен од Украина и стана предмет на светско внимание со сцените од трупови на улица, и положи венец на споменот на жртвите.