Столтенберг: НАТО не се откажува од политичкото решение на конфликтот во Косово

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека испраќаат дополнителни војници во Косово за да помогнат во деескалација на тензиите.

Генералниот секретар на НАТО во четвртокот изјави дека испраќањето дополнителни војници на Косово не значи дека Алијансата се откажува од можно политичко решение на конфликтот, пренесува Анадолија.

Столтенберг ја даде изјавата во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во норвешката престолнина Осло.

На прашањето од новинар од Анадолија дали испраќањето дополнителни 700 војници на НАТО на Косово и држењето на баталјони во подготвеност во случај на потреба значи дека алијансата очекува немирите да прераснат во поголем конфликт во Европа по руската војна во Украина, Столтенберг рече дека тоа „ не значи дека НАТО се откажува од политичко решение“.

Тој додаде дека испраќаат дополнителни војници за да помогнат во деескалација на тензиите и дека баталјонот е во подготвеност во случај ситуацијата да се влоши.

Во општините на северот на Косово населени претежно со српско население, од понеделникот се зголемија тензиите, кои прераснаа во насилство.

Локалните Срби се собираат на протести за да го изразат своето незадоволство од изборот на нови градоначалници и бараат повлекување на специјалните единици на косовската полиција од општинските згради.

Во оваа прилика НАТО најави испраќање дополнителни војници на Косово.