– НАТО мора да дискутира за опции на Украина да ѝ се дадат безбедносни гаранции за периодот по војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
– Кога војната ќе заврши, НАТО ќе мора да има подготвени опции за да се осигури дека Русија нема едноставно да ги прегрупира своите сили за некој нов напад, рече Столтенберг на брифинг со новинари во Брисел.
Во исто време, тој јасно стави до знаење дека НАТО – според член 5 од Вашингтонскиот договор – ќе обезбеди полноправни безбедносни гаранции само за полноправни членки.