СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА: Протести поради пензиските реформи, факели, солзавец и димни бомби

Протести во Франција поради пензиската реформа, во Париз демонстранти упаднаа во седиштето на луксузната компанија „LVMH“.

Во Франција , стотици илјади луѓе излегоа на улиците во четвртокот, протестирајќи против најавената реформа која ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години .

Одлуката за контроверзната реформа ќе биде донесена во петок во Уставотворното собрание, пандан на Франција на Врховниот суд. Забрана за протести беше издадена од четвртокот навечер до сабота наутро, но тоа не ги спречи демонстрантите да излезат на улица.

Димни бомби, факели, солзавец, сцените од Париз се навистина неверојатни . Вака изгледаше во четвртокот седиштето на луксузната компанија „LVMH“ , сопственик на брендовите „Louis Vuitton“ и „Moet“протест во седиштето на LVMH во Париз

Имало и жестоки конфронтации со полицијата, јавува Си-Ен-Ен, на плоштадот Бастилја. Уапсени се 47 лица, а повредени се најмалку десет полицајци.

Се проценува дека најмалку 380.000 луѓе учествувале на протестите низ Франција, од кои 42.000 во Париз. Вака изгледаа париските улици неодамна за време на штрајкот на собирачите на ѓубре поради најавената пензиска реформа.