Стотици кампови поставени за Палестинците на јужниот дел на Газа: Децата си играат во шаторската населба

– Во градот Кан Јунис во Појасот Газа е подготвен голем број шатори за Палестинците кои побегнаа од северниот дел на Газа.

Семејствата, бегајќи од израелските напади, се сместени во новоизградената шаторска населба. Децата си играат околу шаторот во кампот што го постави Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) кои беа принудени да ги напуштат своите домови во северниот дел на Газа.

Израелските воздушни напади врз Појасот Газа траат веќе 13 дена. Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Во нападите на Израел во Појасот Газа меѓу 3.785 убиени Палестинци се наоѓаат и 1.524 деца.

Ашраф ал Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, претходно изјави дека од 7 октомври досега се убиени 1.524 палестински деца и 1.000 жени.

Тој истакна дека меѓу 12.493 ранети има 3.983 деца и 3.300 жени.