„Најголем дел од лековите за онкологија се пристигнати, еден лек сè уште недостасува, чија набавка е во тек, но има проблем со дистрибутерот. Уште еден лек, веројатно до крајот на неделава. Се надевам и двата лека ќе стигнат до крајот на неделава, за едниот зависи од дистрибутерот. Сè друго е достапно на клиниката.”
Ова попладнево во изјава заMИА го истакна директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, Игор Стојковски.
„Пациентите треба да останат мирни, со оглед на напорите што ги правиме на клиниката за зголемување на буџетот и обезбедување терапија, се надеваме дека во иднина нема да има проблеми со недостиг. Пораката што ја испратив денес е дека мораме да работиме заедно со здруженијата на пациенти за да го подобриме пристапот до сите модалитети на терапии и да ставиме посебен акцент на превенцијата и рано откривање на ракот“, нагласи тој на Светскиот ден за борба против ракот.
Директорот рече дека начелно се зголемува бројот на нови пациенти. Тој нагласи дека превенцијата значи здрава исхрана и физичка активност како и рано откривање.
Стојковски изрази надеж дека надлежните што поскоро ќе овозможат нови работни места. Затоа што само во последните две години има помалку од 20 вработени, поради пензионирање и годишен одмор со договор.