Страв и ужас: Со нож ѝ ги пресекол рацете на мајка си, па се прободел во вратот

Б.К.(35) во неделата по расправија со нож ја нападнал мајка си Н.К.(66), дознава српскиот портал Телеграф.

Во станот на Вождовац прво со нож и’ ги расекол рацете, а потоа се расекол по рацете и си го прободел во вратот.

Повредените се упатени за лекарска помош во Ургентниот Центар.

Кај мајката биле констатирани лесни телесни повреди, а синот со тешки телесни повреди и е задржан во одделението Шок А.