“Страв од летање” во ДУИ: Жолт картон за Али Ахмети и Артан Груби, командантот на УЧК не може да ги контролира “децата на комунизмот”!? (ВИДЕО)
Приведувањето на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поради поседување недозволени пиротехнички средства, како да ја отвори “спиралата на политички пресметки” во владината коалиција. Случувањата во М-НАВ како да беше пикот на незадоволството на македонската јавност од однесувањето на ДУИ. Лавината реакции, која следуваше по тој настан, ги донесе Ахмети и ДУИ во “кожата на Никола Груевски” од пред шарената револуција и пировата победа на изборите на 11 декември 2016 година.
Чаирското крило на ДУИ е многу важно за Ахмети, посебно поради упливот на косовскиот премиер Албин Курти во политичкитре процеси во Македонија. Лидерите на албанската опозиција, градоначалникот на Тетово, Билал Касами и на Алтернатива, Африм Гаши како да му го препуштија приматот на поранешниот градоначалник на Чаир и висок функционер на ДУИ, Изет Меџити, иако тој примат не беше потврден на избори. Меџити, кој беше дел на крилото на ДУИ блиско на СДСМ, сега е турнат ( навидум ) во прегратките на ВМРО ДПМНЕ, но реално во структурите на ДУИ најблиски до белата палата секогаш биле министерот за надворешни работи Бујар Османи ( во чиј мандат како министер за здравство беа укинати бандеролите за лекови, а тоа според основачот на Зегин, Благоја Механџиски е вовед во можноста за издавање лажни фактури што е суштината на “случајот Онкологија” ) како и првиот вицепремиер, Артан Груби.
Османи и Груби изгубија во таа внатре-партиска битка од Талат Џафери за “Псе Јо Албанец за премиер”. Но тоа е дел од крилото на ДУИ кое сега ја тркала приказната дека за стабилност на владата и за уставните измени се потребни 80 пратеници што го турка политичкото крило на УЧК во коалиција со ВМРО ДПМНЕ!?
Во фирмите на синот, внукот и зетот на Ахмети се веќе влезени неколку контроли. Во дел од тие фирми е влезена контрола на УЈП. Резултатите “биле интересни” и тоа очигледно ја зголемува нервозата во Зајас и Мала Речица. За прв пат во овие 22 години на политичката сцена Ахмети наликува на командантите на Јосип Броз Тито кои по 20 години на власт не можат да се справат со своите деца или со синдромот на “децата на комунизмот”.
Учеството на екс министерот за економија во владата на Никола Грувски, екс директор на Фондот за здравство и прв човек на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири во случајот со М-НАВ покажува дека Артан Груби и Бујар Османи испраќаат “чудни сигнали”. Груби кој е повлечен по серијата корупциски скандали, вклучително и компромитацијата на проектот Бехтел и Енка, сега се плаши од можноста за проширување на американската црна листа за негови блиски луѓе, па дури дури и да се оди чекор подалеку од тоа. Ахмети, пред испраќањето на Хашим Тачи и Кадри Весели во Хаг, беше на разговори во канцеларијата на Хашкиот Трибунал во Приштина. За разлика од Тачи и Весели, Ахмети не заврши на “топол оброк три пати на ден”, но ја промовираше зелената агенда на ДУИ. Односно ДУИ да се трансформира од политичко крило на УЧК во “зелена партија”. На крајот од тоа не бидна ништо што покажува дека Ахмети или не сака или немаше сила да спроведе таква трансформација на ДУИ.
Како и да е во изминатите 30 дена имало две средби на Ахмети и Димитар Ковачевски на кои се разговарало за изборна и предизборна коалиција. Што е договорено ќе се знае во наредните неколку денови.
Ова е дел од политичката анализа за мембери на Јутуб каналот Васко Ефтов. Во емисијата се анализраат и внатрешните состојби во СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Целата емисија можете да ја погледнете на следниот линк: