СТРАНСКИТЕ ИГРАЧИ БЕГААТ ОД ИЗРАЕЛ! Состојбата е АЛАРМАНТНА, Макаби дозволи странци да ја напуштат државата!
Масовните напади врз Израел продолжија од двете страни. Израелските сили го гранатираа градот Газа и палестинската територија под контрола на Хамас, додека Хамас ги нападна јужните и централните делови на Израел.
Израел соопшти дека досега се убиени најмалку 300 луѓе, а повеќе од 1.600 се ранети. Палестинските власти, пак, наведуваат дека загинале 232 Палестинци, а 1.700 се ранети.
Целиот хаос се прошири и на спортот, па фудбалскиот клуб Макаби дозволи странски играчи да го напуштат Израел.
Така тренерот Роби Кин и неговите колеги синоќа полетаа од Тел Авив.
Тие летаа во своите земји – Англија, Република Ирска и САД преку Софија и Атина.