На Меѓународен аеродром во Скопје вчера при извршена пасошка контрола на Г.Р.Х.А.(52) од Холандија, било констатирано дека во оперативната евиденција за него има барање од Интерпол. Исто така постоело сомнение дека холандската патна исправа, која ја дал на увид, била фалсификувана.
Како што соопшти МВР, со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека холандската патна исправа ја купил во Република Турција, а неговата иранска патна исправа ја дал во замена за холандската.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.