СТРАТЕШКИТЕ БОМБАРДЕРИ ПОЛЕТАА ОД АМЕРИКА И ПОГОДИЈА 85 ЦЕЛИ! Централната команда ги соопшти деталите на одмазда – Ова се ГЛАВНИТЕ МЕТИ (ФОТО)
Денес, американската армија започна воздушни напади врз позиции на проирански групи во Ирак и Сирија , што е увертира за одмазда за убиството на тројца американски војници во Јордан.
Досега, според соопштението на американската Централна команда, погодени се 85 позиции на групи поврзани со Иранската револуционерна гарда во две арапски земји.
Во 16:00 часот на 2 февруари, силите на Централната команда на САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија против Кудс силите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и на нив блиските сојузнички милиции. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, користејќи бројни авиони, вклучително и бомбардери со долг дострел кои (до)летаа од САД. Во воздушните напади беа употребени повеќе од 125 парчиња прецизна муниција. Погодените објекти вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, капацитети за складирање ракети и беспилотни летала, логистика и капацитети во синџирот за снабдување со муниција на тие групи и нивните спонзори од Иранската гарда кои овозможија напади врз американските и коалициските сили – се вели во соопштението.
CENTCOM Statement on U.S. Strikes in Iraq and Syria
— U.S. Central Command (@CENTCOM) February 2, 2024
At 4:00 p.m. (EST) Feb. 02, U.S. Central Command (CENTCOM) forces conducted airstrikes in Iraq and Syria against Iran’s Islamic Revolutionary Guards Corps (IRGC) Quds Force and affiliated militia groups. U.S. military forces… pic.twitter.com/HeLMFDx9zY
Нападите беа одговор на нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во база во Јордан .
Потсетуваме, вчера беше објавен текст на Ројтерс во кој се наведува дека Иранците почнале да ги повлекуваат своите инструктори и високи офицери од Сирија, по серијата израелски напади.
Според изворите на тој медиум, главната улога и фокус на борбите во Сирија ќе ја преземат различните милиции поддржани од Иран.
Американскиот претседател Џо Бајден даде изјава по почетокот на одмаздничките напади врз Сирија и Ирак.
– Реакцијата на САД ќе продолжи во времињата и местата што ги избираме – рече Бајден и додаде:
Попладнево, под моја наредба, американските воени сили гаѓаа цели во Ирак и Сирија кои ИРГЦ – Корпусот на иранската револуционерна гарда – и поврзаните милиции ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денес. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор. САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои можеби сакаат да ни наштетат: ако наштетите на Американец, ние ќе одговориме – рече Бајден.
Да потсетиме, САД започнале со воздушни напади во Сирија и Ирак, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на двајца американски претставници.
#BREAKING #USA #Syria LIVE: There are reports of explosions in Al Bukamal and Mayadin, Deir ez-Zur. pic.twitter.com/aNNbafTqIk
— The National Independent (@NationalIndNews) February 2, 2024
Одмазднички напад
Според извештаите, нападите се одговор на напад со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во база во Јордан, а беа ранети повеќе од 30 луѓе. Нападите започнаа само неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден се сретна со семејствата на убиените војници.
Според „Си-Ен-Ен“, администрацијата на Бајден сигнализирала дека може да има дополнителни активности во наредните денови – откако секретарот Лојд Остин во четвртокот рече дека одговорот на САД ќе биде „повеќеслоен“.
Двајца официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека нападите биле насочени кон објекти во Ирак и Сирија поврзани со иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) и милициите што ги поддржува, објави Ројтерс.
Според Ројтерс, нападите погодиле повеќе од 85 цели со повеќе од 125 прецизни муниции. Сириските државни медиуми објавија по нападот дека американското таргетирање локации во пустинските области на Сирија и на границата меѓу Сирија и Ирак резултирало со бројни жртви и повредени луѓе!?