СТРАШЕН МАСАКР ВО УЧИЛИШТЕ – Убиени 37 ученици! Групата ги ‘касапела’ децата со мачети, па ги живи запалиле до непрепознатливост – историјата не памети ваков ужас!
Ужасен масакр се случи во Уганда, кога група бунтовнички борци поврзани со Исламската Држава (ИД) упаднале во училиште и започнале да убиваат луѓе.
Властите на Уганда соопштија дека 20 лица се приведени на сослушување за нивната можна улога во петочниот масакр на 42 лица, главно студенти, од страна на исламистичката група Сојузни демократски сили (СДС). Уапсени се најмалку 20 осомничени соработници на СДС. Според полицијата, меѓу приведените е и директорот на училиштето.
Животот го загубија 42 лица, од кои 37 студенти. Група бунтовнички борци поврзани со ИД упаднале во петокот во средното училиште „Лубирира“ во Мпондве, град на угандаската страна на границата со Демократска Република Конго. Запалиле еден машки студентски дом, а упаднале во друг за девојки и почнале да ги напаѓаат жртвите со мачети. Од 42 загинати во нападот, 37 од нив се студенти. Меѓу жртвите има и 12-годишно девојче кое посетувало прво одделение во средно училиште, информираат тамошните медиуми.
„17 тела беа изгорени до непрепознатливост, а ДНК тестот ќе го утврди нивниот идентитет. Сите 17 изгорени тела биле мажи, а изгорениците биле по целото тело, напред и назад. Една жртва се здобила со дополнителна прострелна рана“, соопштила полицијата.
СДС е основана во 1990-тите години во Уганда. Бунтовниците со години се борат против Владата на претседателот Јовери Мусевени од нивната база во планините Рвензори кои ја делат Уганда од Конго. Со текот на времето, војската на Уганда ги протерала во густите џунгли на источно Конго, каде со години извршувале брутални напади врз цивили. Борците на СДС повремено вршат напади во Уганда, вклучувајќи го и бомбардирањето во Кампала во 2021 година.