Итно е поведена кривична постапка поради прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај
Во Русија, 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делот Алеур-Бушулеј на Трансбајкалската железница, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока , соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Сообраќајот е запрен во двата правци , пренесува ТАСС.
Нема повредени и нема опасност по околината.
Руските железници соопштија дека поради овој инцидент доцнеле неколку патнички возови .
Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.