СТРАШЕН Судир меѓу РУСКИ И УКРАИНСКИ ТЕНК! Погледнете кој на крајот го извлече “подебелиот крај” (ВИДЕО)

Снимка од брутална пресметка
Снимен е судирот меѓу украинското пешадиско борбено возило (ИФВ) М2А2 ОДС „Бредли“ и руското пешадиско борбено возило БМП-2.

На видеото се гледа блиска пресметка меѓу двете возила.

„Бредли“, кој во Украина пристигна од САД, а го управуваат припадници на украинската 47-та ударна бригада, се соочи со неизвесен противник – рускиот БМП-2.

Како што може да се види на видеото споделено на социјалните мрежи, БМП – 2 го извлече „подебелиот крај“ во овој дуел.

„Бредли“ со неколку прецизни удари за само неколку моменти целосно го уништи руското борбено возило.

Видеото завршува пред да може да се види што се случило со екипажот на руското возило, но судејќи по облакот чад што се издигнал од него по ударот на Бредли, мали се шансите некој да преживее.