Страшна експлозија во ресторан: Има мртви и повредени 

Најмалку шест лица загинаа во експлозија на шише со пропан-бутан во ресторан во чешкиот град Мост, соопштија денеска итните служби.

Осум лица се повредени во експлозијата што се случи синоќа, а 30 лица се евакуирани од ресторанот и околните згради, јавуваат чешките медиуми.

По експлозијата избувнал пожар кој го уништил ресторанот.

Пожарот го изгаснале 12 противпожарни единици, јави чешката телевизија.

Повредените се префрлени во болниците во Прага и околните градови.