Страшна исповед на актерката: Бев дрогирана и наизменично силувана 48 часа

Животот на Даниела Вестбрук е пострашен од хорор

Актерката Даниел Вестбрук не престанува да ја шокира јавноста, како со својот изглед по бројните операции и консумирање недозволени супстанци, така и со признанија од приватниот живот. Таа во својата книга зборувала за тоа како наводно конзумирала кокаин додека го родила синот, но и дека во деведесеттите одредени мажи ја силувале цели 48 часа бидејќи должела пари.

Пред објавувањето на книгата за овој страшен настан не знаеле ниту нејзиното семејство ниту нејзините пријатели, кои останале шокирани по споменатите фрагменти.

„Им должев пет илјади фунти. Влегоа во мојата куќа и ми побараа пари што ги немав. Потоа ме киднапираа, ме однесоа во стан во близина на мојата куќа и ме силуваа цели 48 часа. другата и ме дрогира да не им бегам“, напишала во своите мемоари и додала дека наводно потрошила околу 250.000 евра на недозволени супстанци, пренесуваат странските медиуми.

“Користев дрога и кога бев бремена. Се породив на подот од тоалетот, а кога почна породувањето шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне”, изјавила актерката во претходно интервју. .

Инаку, таа неодамна призна дека носот и бил уништен од консумирање кокаин, а целото лице добило прилично чудна форма. Работата да биде уште полоша, сето тоа е проследено со бројни естетски корекции, но тоа не ја спречува Данијела секојдневно да се фотографира и да објавува фотографии на социјалните мрежи.

Нејзиниот љубовен живот е исто така интригантен, бидејќи 49-годишната девојка имала низа неуспешни врски во текот на годините и сега ќе се омажи за нејзиниот вереник во затвор по шест години врска.