Белата Куќа соопшти: Се обрати докторот на Бајден

Американскиот претседател Џозеф Бајден примил подобрена вакцина против Ковид-19 и годишна вакцинација против грип, објави Белата куќа.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во изјавата рече дека Бајден ги примил двете вакцини во петокот, пренесе АП.

О’Конор рече дека Бајден (80) исто така бил вакциниран пред неколку недели против респираторната болест позната како РСВ.

„Како што влегуваме во сезоната на настинки и грип, претседателот ги охрабрува сите Американци да го следат неговото водство и да се консултираат со својот лекар или фармацевт за да се уверат дека се целосно вакцинирани“, рече О’Конор во изјавата.