Страшна несреќа во Турција: Во верижен судар, најмалку 12 лица загинаа, над 30 се повредени (ВИДЕО)

Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека на местото на несреќата во Топбогазла се испратени 22 возила за итна помош.

Најмалку 12 лица загинаа, а 31 лице се повредени, од кои тројца потешко, во верижен судир во јужната турска провинција Хатај , соопштија официјални лица.

Несреќата се случила во саботата вечерта кога камионот, откако возачот изгубил контрола, се судрил со друг камион, а потоа удрил во девет автомобили и два минибуса кои биле паркирани покрај патот, по што избувнал пожар, објави турската државна телевизија ТРТ..

Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека на местото на несреќата во Топбогазла се испратени 22 амбулантни возила.

Хатај е една од турските провинции која беше тешко погодена од катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.