СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА! Во верижен судар, 11 загинати, 50 повредени! ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Турските медиуми јавија дека 11 лица загинале, а повеќе од 50 се повредени во верижен судар во северозападниот дел на земјата.

Турција, Сообраќајна несреќа

Ројтерс јавува дека во судирот учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и еден камион .

Се наведува дека турската државна агенција Анадолија објави дека судирот се случил на автопатот во северниот дел на регионот Мармара .

Турција, Сообраќајна несреќа

Несреќата се случила во близина на Дагдиби во провинцијата Сакарија .

Се наведува дека причината за несреќата не е утврдена .

Приватниот турски информативен канал НТВ објави дека областа е покриена со густа магла , поради што видливоста е значително намалена .