Страшна снимка ги преплави социјалните мрежи: “Знаете ли како ги копаат овие гробови? Операцијата на Путин се одвива според планот”
Како што се наведува на социјалните мрежи, дел од гробовите се на платениците на Вагнер, а локацијата на масовната гробница е недалеку од Крим
Ужасни сцени доаѓаат од руско-украинската граница каде стотици, ако не и илјадници руски војници, професионални, платени и мобилизирани, се закопани во набрзина ископани гробови, со, претпоставуваме, канали за наводнување создадени од дождовите и венец за последен поздрав.
Како што се наведува на социјалните мрежи, дел од гробниците им припаѓаат на платениците на Вагнер, а локацијата на масовната гробница е Бакинскаја, недалеку од Крим. Некои фотографии кои кружат на социјалните канали покажуваат дека гробовите буквално се копаат од багери. Многумина се без ознаки, а на семејствата не им е дозволено да ги посетат своите починати.
„Дрвени ковчези, мочуриште, смрдеата мора да е неподнослива“, го сумирал ужасот на ова видео еден коментатор на Твитер.
„Ужасно депресивно. Закопан во калливо поле“, заклучува друг. „Се чини дека 3-дневната операција на Путин оди според планот“, саркастично заклучи Џулија Дејвис , новинарка која носи инсајдерски информации од руските медиуми од почетокот на инвазијата на Украина.