СТРАШНА СЦЕНА ВО ИСЛАНД: ВУЛКАНОТ ИСПУШТИ ОГРОМНА ЕНЕРГИЈА (ВИДЕО)

Вулканот повторно еруптираше во четвртокот во југозападниот дел на Исланд, по втор пат оваа година, објави телевизијата RUV и другите локални медиуми.

Тоа е шеста ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година. Сликата објавена од исландскиот дневен весник Morgunbladid покажува светло портокалова стопена карпа како исфрла од пукнатините во земјата.
Последната ерупција започна на 14 јануари и траеше два дена, а лавата стигна до предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители мораа да бидат евакуирани.

-Ова го снимив околу 6 часот наутро, потценување е да се каже дека се исплашив – рекол јутјуберот кој ги снимил неверојатните сцени.