Страшна сцена во Украина! Оган и страшен звук ги шокира луѓето: „Вакво нешто не сум видел“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавено видео од експлозијата, која се случила на 150 километри од Лавов во градот Хмелницки во Украина.

Снимката е објавена на Твитер и покажува огромна експлозија и чад кој се издигнува високо кон небото. Во еден момент почнува да личи на лава, а огнот набрзо исчезнува и останува само огромен облак од чад. На видеото се слушаат и морничавите звуци од експлозијата.

Според написите на социјалните мрежи, експлозијата се случила откако Русите удриле во непознат предмет. Еден од корисниците на социјалната мрежа напиша дека никогаш не видел вакво нешто. На Твитер беше наведено дека експлозијата се случила во утринските часови.