СТРАШНА СЦЕНА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО! Голманот го нокаутираше фудбалерот, тој остана неподвижен да лежи на тревата! ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

На натпреварот помеѓу Унгарија и Шкотска на Европското првенство беше видена грозоморна сцена која ги замрзна присутните навивачи, но и оние кои го следеа натпреварот на малите екрани.

Имено, Барнабас Варга се судри со голманот на Шкотска, по што остана неподвижен на тревата.

Лекарскиот тим влезе на теренот и се собра околу несреќниот фудбалер, кој беше опкружен со параван.

Фудбалерите се држеа за главите, ужасно ја гледаа оваа драматична сцена додека Собослај не можеше да ги задржи солзите.