СТРАШНА СЦЕНА! ПРЕКИНAT НАТПРЕВАР ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА: Играч колабирал за време на мечот! Не му е прв пат

Драматични сцени беа забележани на натпреварот Бурнмаут – Лутон во 17. коло од Премиер лигата.

На стоперот на Лутон, Том Локер, му се слоши сред меч, па играта веднаш беше прекината.

По неколку минути, Локер беше изнесен од теренот на носилки, придружен со аплауз од трибините.

Според последните информации, капитенот на Лутон е свесен и добро се снаоѓа.

Локер (29) беше опериран на срцето пред шест месеци откако колабираше во плеј-офот од Премиер лигата против Ковентри на Вембли.

Откако беше потврдено дека натпреварот нема да се одигра денеска, играчите на двете екипи повторно влегоа на теренот за да ги поздрават навивачите.