Страшна трагедија во Босна! Фудбалерите на Слога слетаа со автомобил во река, почина капитенот и поранешен играч на клубот! Тројца успејаа да се спасат! (фото)

Капитенот на Слога од Босанска Отока, Неџад Мујагиќ, и поранешниот фудбалер на овој клуб Аднан Фајиќ загинаа во страшна сообраќајна несреќа што рано утринава се случи во Босна и Херцеговина.

Автомобил во кој се превезувале пет фудбалери излетал од патот и завршил во реката Уна. Тројца фудбалери успеале да излезат од возилото, додека двајца за жал се удавиле, јавува порталот „Радио Сараево“.

Екипите на спасувачката служба од раните утрински часови работат на отстранување на остатоците и телата на настраданите од реката.

Трагедијата беше објавена на Фејсбук страницата на ГО СДП Босанска Крупа:

Почитувани пријатели, се случи трагедија во Босанска отока. Фудбалерите на ФК Слога од Босанска Отока, петмина од нив доживеале сообраќајна незгода и излетале од патот кај мостот во Босанска Отока. Тројца фудбалери успеале да се спасат и да излезат од возило, но за жал, другиот наш член и капитен на Слога, Неџад Мујагиќ Џони, вработен во ПУК „10. Јули“, кој работел на наплата на сметки за потрошена вода и Фајиќ Аднан, син на Фајиќ Ризах, поранешен фудбалер на Слога, кој и самиот го носел дресот на својот омилен клуб, инаку вработен на бензинската пумпа Енергопетрол не успеале да се спасат. Екипо од утринските часови работат на отстранување на остатоците и телата на жртвите. Нека на жртвите Бог им се смилува. Планираниот денешниот собир на членовите и симпатизерите на ГО СДП БиХ за 12:00 часот во Шујновац е одложено до понатамошно известување“, се наведува во соопштението.

Слога се натпреварува во Втората лига на Федерацијата Босна и Херцеговина и вчера во 14. коло забележа победа против екипата на Брнаци 4:2.