СТРАШНА ТРАГЕДИЈА! ПОЧИНА ПОЗНАТА ОЛИМПИЈКА! Лавина однесе млад живот – познати деталите за страшната несреќа!

Огромна трагедија се случи на истокот на Швајцарија, откако животот го загуби младата сноубордерка Софи Хедигер.

Таа загина во лавина во понеделникот, додека била надвор од патеката со уште едно лице.

За тагата да биде уште поголема, учесничката на Олимписките игри 2022 година пред десет дена го прослави својот 26-ти роденден.

Полицијата соопшти дека скијачката загинала во лавина додека била надвор од патеката со друго лице, но не го соопштила идентитетот на жртвата.

Тргнале по затворена патека и додека Софи скијала ја фатила лавина. Веднаш била известена итна помош, но нејзиното тело било пронајдено дури два часа подоцна.