СТРАШНИ ВЕСТИ ОД ДЕНВЕР: Пукање на прославата на титулата! МНОГУ ПОВРЕДЕНИ, три лица критично

Шок вест од Денвер за време на прославата на титулата на овој клуб.

Првата информација што ја пренесоа американските медиуми и ја потврди локалната полиција гласи – најмалку девет лица се повредени, а три лица се во критична состојба по масовното пукање во Денвер.

– Во престрелката се идентификувани вкупно девет жртви од огнено оружје, плус еден осомничен кој исто така се здобил со прострелна рана – напиша полицијата на својот официјален Твитер профил и додаде:

– Три лица се во критична состојба, а останатите повредени не се опасни по живот.

Сето ова се случи по историската прва титула за Денвер од постоењето на овој клуб ! Јокиќ и другарите го добија финалето на НБА во Мајами со 4:1 во серија, а српскиот ас беше прогласен за најдобар играч на финалето.

Утре се очекува голема прослава на улиците на Колорадо каде ќе продефилираат играчите на Нагетс.