СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА МЛАДИОТ ГОЛМАН: На Матија ненадејно му се слошило во стан во Будва!

Целиот регион денеска го потресе веста за смртта на младиот црногорски голман Матија Шаркиќ.

Овој 26-годишен голман почина рано утринава (околу 06:30 часот) во својот стан во Будва.

Како што дознава порталот РТЦГ, на Шаркиќ му се слошило во станот, пријателите веднаш реагирале, повикале брза помош, но за жал – немало како да го спасат. Лекарите можеле само да констатираат смрт.

Голманот на репрезентацијата на Црна Гора неодамна ги воодушеви фудбалските фанови со одличната партија на пријателскиот натпревар против Белгија. Со своите чудесни одбрани против фаворизираниот ривал привлече огромно внимание кај фудбалската јавност. Навивачите во Црна Гора веруваа дека добија голман за иднината…

За жал, мечот во Брисел му беше последен во животот.

Матија е роден во Англија, а во помладите категории настапуваше за Андерлехт и Астон Вила. Тој не успеа да се бори со минути во клубот од Бирмингем, па замина на позајмица во Виган, Стратфорд, Ливингстон, а потоа потпиша за Вулверхемптон. Ниту таму не доби шанса, па беше на позајмица во Шрусбери, Бирмингем и Стоук, а потоа минатото лето се пресели во Милвол, за кој сезонава одигра 31 меч.

Ги помина сите јуниори на Црна Гора, а за А репрезентацијата дебитираше во 2019 година на пријателскиот натпревар против Белорусија. Вкупно за репрезентацијата забележа девет настапи.