Страшни сцени од Акапулко! Ураган израмни познато туристичко место, не се знае бројот на жртви – „Ова е најголемата грешка во историјата“ (фото)
Среда беше почеток на кошмарот за жителите на пацифичкиот град Акапулко, Мексико.
Страшното невреме ги прекина сите комуникации со познатиот туристички центар кој го погоди невидено невреме, пишува Си-Ен-Ен. Засега не е познат бројот на жртвите на ураганот кој не требаше да се случи, а фотографиите кои пристигнуваат од Мексико нè оставаат без зборови.
Мексиканскиот претседател ја посети и погодената област по ураганот. Поточно, тој се обидел – имено, военото возило со кое пристигнувал во околината на градот се заглавило во калта, па тој и неговите колеги морале да ја продолжат обиколката пеш.
Синоптичарите очекуваа дека Отис ќе го погоди брегот на Тихиот Океан во Мексико во вторник наутро, носејќи силен ветер и силен дожд. Тоа се случи. Но, она што следеше ги изненади и професионалните синоптичари и националните центри за тревога. За само неколку часа, бурата премина од типична тропска бура во ураган од петта категорија, заробувајќи најмалку еден милион луѓе во центарот на страшната бура, која некои ја опишуваат како една од најлошите досега забележани на брегот.
Поразлично од сето она што беше забележано досега
Брајан Норкрос, експерт за урагани за американскиот Фокс, оцени дека се работи за метеоролошки настан кој е над сите прогностички очекувања.
„Ова не беше случај кога некој пресметковен модел предвидува силна бура, па синоптичарите ја земаат златната средина. Ова беше различно од сè што е забележано досега во последните 50 до 60 години”, додаде Брајан
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор пред претставниците на медиумите изјави дека државата Гереро е целосно отсечена од остатокот од светот, а во моментов е невозможно да се процени бројот на жртвите. Бројката сè уште не е позната.
Потенцијална хуманитарна катастрофа
Мексиканската телевизија N+ објави видео од штетата направена со дрон. Сцените се апокалиптични – патиштата се поплавени или веќе нема трага од нив, возила се превртени, згради и домови се уништени.