ВИДЕО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Погледнете ја сцената што предизвика шоу во директен пренос на ТВ: Легендата на Манчестер Сити се посрамоти, а колегите ‘урлаа’ од смеење

Доста забавно беше синоќа во телевизиското студио на CBS. Поранешниот играч на Манчестер Сити, Мајк Ричардс, работеше како стручен ко-коментатор на ТВ преносот од Лигата на шампионите и се обиде ефективно да ја имитира прославата на голот на Килијан Мбапе против Милан.

Мајк Ричардс се појави во кадарот, ефективно скокна и ги прекрсти рацете во стилот на Килијан Мбапе, но имаше мала несреќа во тој процес. Имено, се чини дека панталоните му попуштиле односно му се скинале меѓу нозете кога скокнал за време на имитацијата.

Водителката Кејт Абдо го прашала:

Дали ти се уште океј панталоните ?“.

Килијан Мбапе потоа сфатил дека навистина му се скинале панталоните, што ги поттикнало Кејт Абдо и ко-коментаторот Џејми Карагер хистерично да се смеат во студиото.

Комичната ситуација од студиото на CBS можете да ја погледнете ОВДЕ.

Секако, ваквата сцена предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и видеото од тој момент е вистински хит.