СТРАШНИ СЦЕНИ ПО ПОЖАРОТ ВО ХРВАТСКА! Топла пластика тече како ЛАВА! Изјавата на градоначалникот предизвикал гнев (ФОТО)

Хрватски Вечерњи лист објави видео од Осиек на кое се гледа како пластика тече низ каналите на местото на големиот пожар во тој град.

И покрај тоа, градоначалникот Иван Радиќ изјави дека „квалитетот на воздухот и водата се задоволителни“.

Осиек, оган, пластика

Тој изјави дека веднаш по избувнувањето на големиот пожар во компанијата „Драва интернешнл“, каде се уште гори десет хектари складирана пластика, почнале испитувањата на водата.

– Веднаш ја затворивме одводната мрежа за да не влегува пластика во канализацијата. Градските служби се ставија на располагање, а ние се грижевме за работниците кои престојуваа во просториите на компанијата „Драва Интернационал“ во градската спортска сала „Југ 2“ – рече Радиќ.

Се наведува дека пожарникарите се уште се на терен, а тројца се повредени при гаснење на пожарот, од кои еден потешко, откако паднал во шахта со запалена пластика.

Јутарњи лист пренесува дека пожарникарот кој паднал во стопената пластика се здобил со изгореници опасни по живот на повеќе од 30 отсто од телото.

Хрватска, оган, Осиек

Тој е сместен на одделот за интензивна нега на КБЦ Осиек, а утре треба да биде префрлен на Клиниката за трауматологија на КБЦ Сестре милосрдница во Загреб, која има Институт за изгореници.

Голем пожар кој избувна во близина на приградската населба Бријест е забележан и на сателитска снимка од вселената, а хрватските медиуми јавуваат дека чад може да се види и од другите градови во таа земја и дека стигнал до Босна и Херцеговина.