СТРАШНО! ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО НА НАСИЛСТВО ВО НОВИ САД: Маж нокаутира жена на сред улица! Доби тупаница во глава (ВИДЕО)
На улицата Филипа Вишњиќ во населбата Подбара во Нови Сад , дошло до тепачка меѓу двајца мажи, а најлошото го извлекла девојката која се обидела да ги раздвои скараните.
На социјалните мрежи се појави снимка од оваа случка на која може да се види како еден од раскараните мажи буквално нокаутира со тупаница девојка која се приближи со друг дечко во обид да ја прекине тепачката.
Засега не е познато зошто непознатите мажи се судриле.
Судејќи по видеото, девојката за среќа се здобила со полесни повреди бидејќи по неколку моменти се собрала и станала од патот каде што паднала со помош на случаен минувач, а како завршила целата пресметка засега не е познато бидејќи ова инцидентот, според неофицијални информации, не бил пријавен во полиција.