Страшно откритие во Големата сина дупка! Екипаж со подводно возило откриле досега невидени сцени од дното на океанот (видео)
Големата сина дупка се наоѓа на приближно 100 километри од брегот на Белизе, длабока е околу 150 метри, а таму сега се направени и откриени вознемирувачки откритија.
Долго време, нуркачите не можеа доволно да ја истражат Големата сина дупка бидејќи немаа соодветна опрема за да се справат со нејзините длабочини. Тоа се промени со напредокот на технологијата, но и кога основачот на компанијата Virgin и милијардер Ричард Бренсон се заинтересира за истражување. Ја изнајмил и задолжил групата на нуркачот Фабиен Кусто за да сними висококвалитетни фотографии и видеа од мистериите скриени под водата.
За жал, откритието на дното на прекрасната мистериозна формација на океанот само делумно го сумира човештвото како што го знаеме. Имало многу ѓубре на дното на Големата сина дупка. Тимот пронашол пластично шише од два литри и одамна изгубена GoPro камера со фотографии од нечиј одмор. Но, тоа не беше се.
Во дупката се откриени и две тела, а се работи за нуркачи кои исчезнале во големата пештера. Иако глетката дефинитивно била вознемирувачка, тимот решил да ги остави телата таму каде што биле, утврдувајќи дека дупката е добро место за последното почивалиште.
Шокантните откритија не завршуваат тука бидејќи кога екипажот нуркал со подводно возило во длабочините на дупката пронашле голема серија пештери во кои имало висечки сталактити – научниците мислеле дека е невозможно сталактитите да се формираат под површината на водата. Откритието покажа дека пештерите, лоцирани стотици метри под површината на океанот, некогаш биле на суво.
Бренсон нагласил колку е вознемирувачко откритието за состојбата на планетата.
Милијардерот ја опишал сцената како еден од „најтешките потсетници за опасностите од климатските промени“ што некогаш ги видел.