Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум попладнево го победи Есперанж со 3:1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.
Стружани до триумфот на теренот „Петар Милошевски“ во Скопје ги предводеше Бесарт Ибраими кој беше стрелец на трите гола од кои два од пенал (23, 40 и 77. минута).
Голот за претставникот на Луксембург го постигна Доминик Штолц во 46. минута.
Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Есперанж.