Студентите кои протестираат денеска немаат добиено ниту една рата од студентската стипендија

Денеска во Македонија студентите ќе протестираат поради неисплатата на студентските стипендии.

По заедничката координација, и неформалната организација Студентски отпор најави дека ќе се приклучи на Универзитетското собрание на УКИМ на протестот пред Министерството за образование.

И покрај најавите од Министерството за образование дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе се исплатат најдоцна до 1 февруари, трансакциските сметки на студентите останаа празни.

Протестот е последица на тоа што не е исплатена рата студентска стипендија за учебната 2023/2024 година од страна на Министерството за образование. Протестот ќе започне во 14:00 часот пред зградата на Министерството за образование.