Повеќе од половина македонски граѓани не можат да си дозволат годишен одмор

Повеќе од половина од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ланџист“, врз основа на податоците на Евростат.

Повеќе од 55 отсто од жителите на Македонија не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од државата во која живеат.

Полошо од граѓаните во Македонија (67,2%) и Косово (69,5%) се граѓаните на Албанија, каде 58,3% од нив не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора,

Во Грција процентот на лица кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, во Хрватска 41,7, додека во Словенија 16,7 отсто.

Одмор подолг од една недела во текот на годината може да си дозволат најмногу жителите на Луксембург каде само 7,6 отсто немаат таква можност, во Норвешка (7,9 отсто), Швајцарија (8,4 отсто) и во Исланд (8,6 отсто).

На одмор не можат да одат 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Французите и 36,6% од Шпанците.