Промена на режимот на сообраќај заради замена на осветлување во тунелот „Стража“ кај Катланово

Заради замена на осветлувањето во тунелот „Стража” кај Катланово, на патниот правец А1 делница Велес – Катланово, денеска ќе има промена на режимот на сообраќај, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ за известувањето се повикуваат на информација добиена од Виадукт Трејд.