Доколку често патувате, а морате да одржувате „остар“, професионален изглед, следнава приказна е идеална за вас!
Стјуардеса од KLM Royal Dutch Airlines открива како да ја направите облеката „свежа и без брчки“ по туткање во куферите.
Видеото на TikTok доби над 4.700 лајкови, а на почетокот една симпатична девојка објаснува како „пегла облека без пегла“, со минимален труд.
Таа советува да ја внесете гардеробата во бањата на вашата хотелска соба и да ја оставите на радијаторот (иако и офингер е добра идеја).
Потоа истурете топла вода во туш кабината и по десет минути пареата ќе ги исправи сите брчки ! Можете да го искористите времето за да се истуширате и на тој начин да „убиете две муви со еден удар“.
Стјуардесата открива дека облеката може да ја „задржи свежината“ дури и по повеќечасовно превртување во куферите, оставајќи неколку влажни марамчиња внатре, пренесува Daily Star .