– Командантот на паравоените Сили за брза поддршка, Мохамед Хамдан Дагло, кој се бори против суданската војска од април, денес изјави дека групата е подготвена да постигне договор во рок од 72 часа доколку дојде до смена во раководството на војската.
Дагло, во видеото објавено на профилот на Силите за брза поддршка на социјалните мрежи, најави дека е подготвен да постигне договор доколку се предаде главниот командант на војската.
Тој изјави дека Силите за брза поддршка не ѝ се спротивставуваат само на војската туку и на противзаконските групи, додавајќи дека не убиваат цивили ниту извршуваат грабежи.
Пораката е упатена откако повеќе од три месеци се води борба меѓу Суданските вооружени сили и Силите за брза поддршка.
Илјадници луѓе се убиени, а милиони се раселени по избувнувањето на војната во Судан, кој претходно го потресуваа племенски судири и економски проблеми.