Лицето на Јелена Карлеуша предизвика шок и неверување! Никогаш не сме ја виделе ваква! Брчки или лошо осветлување? (фото)

Пред извесно време на социјалните мрежи апсолутен хит беа видеата од настапот на Јелена Карлеуша на кои таа изгледа поинаку од нејзините објави на Инстаграм.

Јелена тогаш беше мета на коментари дека има вишок килограми, а сега, кога линијата ја доведе до совршенство, корисниците на социјалните мрежи имаат ново хоби!

На Твитер кружи слика од нејзиниот последен настап каде облече мини здолниште и корсет, ја залижа косата, стави наочари… кои во еден момент ги извади и се испружи пред фановите во првите редови. .

Посетител на нејзиниот концерт го сними овој момент, но на Твитер заврши само со скриншот, на кој Јелена изгледа вака

Во коментарите под фотографијата има бројни причини за ваквото појавување – „има 45 години, осветлувањето е лошо, плус силна шминка…“, некои напишаа дека се „исплашиле од овој изглед“, а имаше и оние кои тврдеа дека оваа слика е само монтажа.

Многу корисници напишаа дека таа нема направено ботокс поради брчките на челото, но и додадоа дека не се работи за монтажа, а потоа го поддржаа со видео на кое се гледаат брчките на нејзиното чело: