Вечерва падна уште една оставка: Албанците масовно ги напуштаат своите функции

Откако попладнево сите Министри кои се членови на ДУИ испратија писмо до Премиерот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во кое наведоа дека тие ги напуштаат своите функции, вечерва ,,падна” уште една оставка.

Вечерва, Фадиљ Зендели, пратеник од редовите на БЕСА се пошегува со фејсбук статус на својот профил.

„Како пратеник поднесувам оставка од функцијата, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува АЛБАНСКИ ЈАЗИК“.