Судбината на Израел и Палестина се решава во Русија: Денеска важна средба во Москва

По вчерашниот напад на Израел, Русија изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги и палестинската и израелската страна да престанат со насилството.

Шефот на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска отпатува за Москва, каде што ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група Хамас изврши напад врз Израел.

Гајт, кој беше министер за надворешни работи на Египет за време на владеењето на Хосни Мубарак, ќе разговара за „тековната ескалација во Појасот Газа“, изјави портпаролот на Арапската лига, пренесе Ројтерс.

По вчерашниот напад на Израел, Русија изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги и палестинската и израелската страна да престанат со насилството.

Москва соопшти дека се неопходни соодветни преговори за да се обезбеди создавање на независна палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим.