СУДЕЊЕТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО ХАОС НА ВЕКОТ! Случај вреден 12 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – Де Ниро на обвинителна клупа, сведочеше „поранешната“!

Започна судењето на Роберт Де Ниро, кој е обвинет за сексуално вознемирување од страна на поранешна асистентка, односно помошничка.

Прославениот актер Роберт де Ниро се најде на обвинителна клупа кога поранешната помошничка Греј Кејси Робинсон го тужеше за кршење на човековите права.

Актерот поднел противтужба, додека Робинсон подоцна навела дека добила навредлива порака од наследниците на Де Ниро. Судењето започна, а поротата ќе одлучува дали Роберт Де Ниро на поранешната помошничка ќе и плати 12 милиони долари. Како што сега пренесуваат странските медиуми, првите рочишта биле многу бурни.

Поротниците во Федералниот суд на Менхетен и јавноста слушнаа серија шокантни детали од почетокот на судењето на 30 октомври. Време е за одлука, пишува Daily Mail. Сведочеше и партнерката на Роберт де Ниро, Тифани Чен, со која ја има петмесечната ќерка Џиа.

Партнерката на Роберт де Ниро, Тифани Чен, сведочеше на 3 ноември во Федералниот суд во Њујорк.

Тифани Чен призна дека вршела притисок врз Роберт Де Ниро да ја отпушти Греј. Таа сведочеше неколку дена откако СМС пораките и мејловите разменети меѓу неа, актерот и неговата поранешна помошничка беа претставени на поротниците. Непријателството на Тифани Чен кон Греј дојде до израз на суд.

Чан ја опиша Робинсон како „опсесивна, психотична и опасна“. И беше вознемирена што се појавија нејзините приватни пораки.

Партнерката на Роберт де Ниро пред судот призна дека му праќала пораки на актерот во кои напишала дека „нема да биде среќна додека не ја отпушти Греј“.

Да потсетиме дека Греј Чејс Робинсон поднесе тужба уште во октомври 2019 година и тврди дека Роберт де Ниро ја принудувал да работи стереотипни женски работи, дека и плаќал помалку од останатите колеги и барал од неа да му го чеша грбот. Според нејзините зборови ја нарекувал со погрдни имиња, што за неа било понижувачко и многу ја повредило.

Тифани рекла дека Грејс не ги почитувала нивните планови, па затоа и му напишала на својот партнер: „Нејзиното посесивно однесување во куќата ми создава голема непријатност“.

Пораката понатаму вели: „Таа мисли дека го има тоа право врз основа на нејзината замислена интимност со тебе. Мисли дека е твоја сопруга и одлучила да биде домаќинка“. Доста е со нејзините срања“, гласи друга порака од Тифани Чен кон актерот, која беше јавно објавена.

На прашањето дали Робинсон мислела дека е во врска со Роберт Де Ниро, таа рече: “Мислам дека знаеше дека не е, и тоа беше она што ја лутеше бидејќи се трудеше да биде. Дефинитивно мислеше дека таа е задолжена за се”.